МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА ВЕЛИГДЕН

Прослава ва Велигден во селото Шулин, Мала Преспа

Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч идр.

Прослава ва Велигден во селото Горна Горица, Мала Преспа

На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Прослава ва Велигден во Пустец

Во чест на Воскресението Христово – Велигден во Мала Преспа, богослужба на македонски јазик во црквите во деветте села на општина Пустец, одржаа отец Алексо Темелко и Ропи Арѓири, додека Македонците во духот на православието и македонските обичаи и традиции си разменија желби за здравје, среќа и благосостојба.

Прослава ва Велигден во Пустец

Како и секоја година и ова година за Велигден, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Воскресението Христово – Велигден.

https://www.facebook.com/100028943753083/videos/pcb.1047548442886604/223870010230356

©Македониум