Во Охрид, во хотелот Милениум, од 4-8 март 2013 година се одржа петтдневната работилница за размена на идеи за проектни предлози, поврзани со употребата на природните и културните ресурси на охридско-преспанскиот регион, за процесот на номнација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа, според програмата на UNESCO „Човек и биосфера“ (МАБ).
Работилницата беше отворена за сите засегнати субјекти, кои се заинтересирани да придонесат за воспоставување и промоцијата на прекуграничниот биосферен резерват. На работилницата присуствуваа претставници од Министерствата за животна средина, Министерствата за земјоделство, Министерствата за надворешни работи од засегнатите држави; Претставници на локалните власти на територијата на охридско-преспанскиот слив (Охрид, Струга, Ресен, Поградец, општините на Пустец, Бучимас, Прогер, Черава, Дардаш, Уденишт, Врештас, Полени); Претставници на националните паркови; Членови на НВО-и кои се активни по прашањата кои се тема на работилницата; Претставници на образовни и истражувачки институции; Локални производители и економски сектор, и стручни лица од медиумите и новинари.
Во текот на работилницата, учесниците од различните интересни групи се информираа со концептот на прекуграничен биосферен резерват според МАБ програмата на UNESCO и неговата применливост во охридско-преспанскиот регион. Се дискутираше во определениот редослед: (1) медиуми и комуникација; (2) заштита на животната средина; (3) валоризација на локалните производи; (4) туризам; и (5) образование и наука. Секој од учесниците кратко ги презентира неговите/нејзините иницијативи и проекти, кои треба да придонесат при изработката на предлог планот за управување со ПБР.
Работилницата започна во присуство на значајни гости од трите држави кои го делат сливот на Охридскотот Езеро, вклучувајќи го и Преспанското Езеро. Г. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат на комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро, рече: „За нас, многу е значајно да се направи мрежа на сите постојни фази на заштита во рамките на охридско-преспанското сливно подрачје, да се искористат сите механизми за заштита на природните вредности и да пристапиме кон процесот на валоризација на тие вредности. Тоа е причината, зошто, ние сакаме да ги обединиме Охрид и Преспа под капата на UNESCO, да го прогласиме регионот како биосферен резерват и да го направиме уникатна туристичка дестинација, споделувајќи го заедничкиот интерес за економски развој на нашиот регион“.
Г. Ариан Мероли, Албанскиот претставник во Билатералниот секретаријат на комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро, им посака добредојде на присутните и рече дека на работилницата ќе учествуваат околу 200 учесници, меѓу кои, владини претставници, претставници на меѓународни и невладини организации и останати засегнати субјекти. Искуствата кои ќе бидат презентирани и предложени од страна на учесниците, ќе бидат земени во предвид при следните чекори, кон прогласувањето на прегуграничниот биосферен резерват во овој регион. Исто така, оваа активност е јасна порака за значењето на прекуграничната соработка и мобилизацирањето на политичката заложба на крајбрежните држави и меѓународната заедница.
Биосферните резервати имаат цел да се избалансира потребата од заштита на вредностите на биодиверзитетот, со потребата за подобар живот на сите жители, истакна Г. Волфганг Фремут, водичот на тимот на проектот: „Прекуграничен биосферен резерват Преспа – Поддршка на Национален парк Преспа во Албанија“.
Предлогот за спроведување на концептот на Биосферен Резерват во охридско – преспанскиот регион потекнува од заедничкиот проект за заштита на охридското езеро, кој доведе до потпишување на билатерален договор помеѓу Албанија и Македонија во 2004 година, во кој е предвидено воспоставување на прекуграничен биосферен резерват на територијата на сливот на охридското езеро. Како резултат на напорите и активностите за заедничка заштита и развој на регионот, како и бројните средби со засегнатите страни реализирани од страна на Билатералниот секретаријат за заштита на охридското езеро, со поддршка на Германското министерство за економска соработка и развој, преку Германската банка за обнова (KFW), во соработка со Албанското Министерство за животна средина, шумарство и водостопанство и канцеларијата на UNESCO во Венеција, беше постигната широка поддршка за спроведување на концептот од страна на засегнатите заедници и заштитените подрачја во соседните држави на регионот. Тоа доведе до потпишување на заедничка Декларација за посветеност за воспоставување на прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа според МАБ програмата на UNESCO, во октомври, 2012 година.
Потпишаната декларација за посветеност и добиената поддршка од страна на UNESCO, го овозможи продолжувањето на спроведувањето на иницијативата и започнување на процесот за номинација, кој вклучува широка информативна и партиципаторна кампања и изработка на номинацоната документација, која се планира да биде доставена до централата на UNESCO, Париз на крајот од месец септември, 2013 година. (Македониум)