Делегација на Македонска алијанса на средба со амбасадорот на Чешка во Албанија

Од средбата во Корча

Од средбата во Корча


Во Корча, на 25 февруари 2013 година делегација на Македонска алијанса за европска интеграција, предводена од Едмонд Темелко, Васил Стерјовски и Андон Јани остварија средба со амбасадорот на Република Чешка во Албанија, Бронислава Томашова.

На средбата се разговараше за повеќе теми кој ги засегаат Македонците во Албанија, како образованието на мајчин јазик на Македонците во Албанија, Пописот спроведен минатата година, чии официјални резултати Македонците како и другите малцинства во Албанија не ги признаваат, порастот на национализмот во Албанија и притисокот врз Македонците во Албанија и ред други проблеми.

Исто така, преставниците на Македонска алијанса за европска интеграција се заблагодарија на амбасадорката на Чешка за неодамнешната одлука на чешката Влада за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име, затоа што ова име е поврзано со сите Македонци без разлика каде и да живеат. (Македониум)