Македонците со потекло од Мала Преспа кој што живеат во Канда заедно со околу 800 Македонци од Етничка Македонија ја прославија Македонската Православна Нова Година Василица која по традиција се прославува секоја година во организација на Македонската Православна Црква Св. Илија од Мисисага.
Како што информира весникот “Македонија” од Канда по пауза од две години, и годинава прославата на Македонската Православна Нова Година Василица се одржа на 14-ти јануари во раскошната сала Чанди Викторија во Мисисага, каде што управата на црквата предводена од претседателот Ацо Крстевски срдечно ги пречекуваа многубројните Македонци од сите делови на пошироката област на Торонто.
На задоволство на Македонците свечената прослава на Василица ја збогати и учеството на градоначалничката на Мисисага Бони Кромби која изрази огромно задоволство од средбата со Македонците што подоцна го сподели на социјалните мрежи, посакувајки среќна нова година на македонски јазик.
Свој настап имаше фолклорниот ансамбл ,,Илинден,, од црквата Св. Илија, и тоа, малата и големата група кои изведоа сплетови на песни и ора од Македонија предводени од претседателот Ненад Попоски и кореографката Орхидеа Димова.
Во забавниот дел покрај домашната реномирана музичка група Балкан Ентертејнмент, од Македонија токму за оваа вечер допатуваа познататата интерпретаторка на народни песни Стојне Николова и музичарот, клавијатурист Бобан Мојсовски.
©Македониум