ЗОШТО БУГАРСКАТА ВЛАСТ ВО 1903 ГОДИНА ЈА ЗАПАЛИ КНИГАТА НА МИСИРКОВ – „ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“?

На 25 декември 1903, во Софија, излезе од печат делото „ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“ на македонскиот великан, Крсте Петков Мисирков.

Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонски национални дејци кон македонското прашање и во книгата отворено говори за македонската национална посебност и афирмација на Македонците.

Мисирков посебно ги разголува бугарската, српската, но и грчката пропаганда, кои и тогаш се обидувале да ги негираат Македонците и македонскиот идентитет, и да ги прават нешто што тие не се!

Во книгата Мисирков пишува и за основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука во контекст на тогашната политичка состојба во Македонија по Илиденското востание, и дава научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите словенски и европски народи.

Ставовите на Мирисков изнесени во книгата толку многу ја погодиле тогашната бугарска власт, што веднаш била донесена наредба книгата да биде уништена, при што бугарската цензура веднаш ќе ги собере повеќето испечатени примероци од книгата и ќе ги запали.

За несреќа на бугарските негатори, неколку примероци од книгата на Мисирков ќе преживеат и ќе останат да сведочат за неговата големина и заслуга за македонската кауза!

Колку и да се обидуваат бугарските фалсификатори да лажат и да измислуваат невидени глупости дека Македонците биле создадени од Тито, постојат огромен број докази за посебноста на Македонците, далеку пред појавата на Тито.

©Македониум