Преспанскиот херој Васил Јанкула подели новогодишни пакетчиња за децата во родното село Туминец, Мала Преспа

Преспанскиот херој Васил Јанкула продолжува со акцијата за донирање на новогодишни пакетчиња за децата.

Денеска Васил Јанкула заедно со здружението на самостојни уметници “Иднина на традицијата”, хуманитарната организација “Samaritan’s Purse“ со координаторите за Преспа, Драган и Билјана Манев, Адра, и Хумана Преспа донираа новогодишни пакетчиња за децата во неговото родно село во Туминец, Мала Преспа.

Дечињата од Туминец ја искажаа својата благодарност за преспанскиот херој Васил Јанкула и неговите соработници за доделените новогодишни пакетчиња.

©Македониум