Во Глобочени се одржа презентација на проектот SMART4YOU2

Во музејот на Стерјо Спасе во село Глобочени, Општина Пустец се одржа презентација на проектот SMART4YOU2.

Проектот SMART4YOU2 е кофинансиран од страна на Европската Унија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, а во рамките на Третиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, 2018-2020.

Проектот SMART4YOU2 вклучува бројни инфраструктурни зафати во двете соседни земји и тоа, конзервација на Пациото и дел од музејските поставки во НУ „завод и музеј“ – Битола, конзервација на објектот Парк во дворот на Офицерски дом во Битола, конзервација на црквата св. Богородица на островот Мал Град и реконструкција на пристапната патека која води до музејот на Стерјо Спасе во с. Глобочени.

На настанот реализиран во рамките на SMART4YOU2 присуствуваа Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, македонската Министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалниците на Општина Битола и Општина Пустец, Тони Коњановски и Пали Колефски, директорот на НУ „Завод и музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова, директорот на Регионалниот директорат за културно наследство – Корча, Ѓерѓи Коки, префектот на округот Корча, Нертил Јоле, директорката на Округот на Корча, Ана Веруши, претставничката од ЕУ делегацијата во Албанија, Ентела Сулка, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски и други.

На настанот присуствуваа претставници од петте проектни партнери: Општина Битола, Општина Пустец, НУ „Завод и музеј“ – Битола и Младинскиот културен центар – Битола и Регионалниот директорат за културно наследство – Корча.

©Македониум