“Ме загрижува иднината на Македонците во Албанија. Тие се лојални граѓани, но се под притисок на национализмот што е во пораст во Албанија. Европската унија внимателно да ја следи состојбата во Албанија и да се заштитат правата и безбедноста на македонското и другите малцинтва”. – вели Лук Симпкинс пратеник во австралискиот парламент за весник Македониум.
Австралискиот пратеник Лук Симпкинс на 13 јануари 2013 година ја посети општина Пустец, Мaла Преспа каде оствaри средба со Едмонд Темелко градоначалиник на општина Пустец и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција и со преставници на Македонска алијанса за европска интеграција од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. На средбата присуствуваше и Веле Трпевски амбасадор на Република Македонија во Република Албанија.
На средбата станало збор за положбата и правата на Македонците во Албанија. Пратеникот Лук Симпкинс беше запознаен дека Македонците во Албанија офицјално се признаваат само во општина Пустец и с.Врбник во Деволската област, додека не се признаваат Македонците што живеат во областите Голо Брдо и Гора како и во повеќе градови во Албанија, со реакцијата на Македонска алјанса за европска интеграција околу официалните пописни резултати, дека тие резултати не ги признава македонското но и другите малцинства во Албанија, затоа што не се манипулирани и не ја отсликуваат етничката структура на населението во Албанија, за порастотот на национализмот во Албанија и упадот на националистичката партија Алеанца на Црвено-црните во Мала Преспа, за најновата инцијатива на македонскто друштво “МОСТ” коe достави петиција до албанските институции во име на 45 родители од Требиште, Голо Брдо кои со петицијата бараат изучување на македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште, Голо Брдо идр.
Исто така, претавниците на Македонска алијанса за европска интеграција побараа од Лук Симпкинс да лобира за признавање на Македонија под нејзиното уставно име од страна на Австралија, затоа што ова име е поврзано не само со Република Македонија, но и со сите Македонци каде и да живеат.
Пратеникот Лук Симпкинс од негова страна истакна дека е среќен што дојде во посета на Мала Преспа и се заблагодари за пречекот и за доаѓањето на преставници на Македонците во Албанија од разни делови на Албанија.
“Загрижен сум како се одвиваат настаните во Албанија со порастот на национализмот и со непочитувањето на правата на Македонците но и на другите малцинства во Албанија. Албанија има двојни стандарти што се однесува за почитувањето на правата на малцинствата. Сака да зборува за правата на Албанците во други земји, но од друга страна самата не ги почитува правата на малцинствата” – истакна Лук Симпкинс.
Тој на Македонците во Албанија им вети дека кога ќе се врати во Австралија ќе одржи говор во австралискиот парламент каде ќе се заложи за спроведување на правата и барањето на Македонците да бидат признаени од албанската држава и да добијат право на изучување на македонскиот јазик во училиштата во Албанија, и истиот говор ќе го испрати до албанската влада.
“Моето патување вчера од Скопје за Охрид беше многу интересно. Имаше села и градови каде албанското знаме беше јасно прикажано. Јас сум самиот патриот, но тоа е многу невкусно според мене. Според мене во Македонија има сепаратисти, кој кога веќе така го прикажуваат знамето без македонското до него, покажуваат такви тенденции. Јас сум охрабрен од пристапот на Македонците во Албанија кој ги бараат своите права но не се заинтересирани за отцепување од Република Албанија” – истакна Симпкинс.
Лук Симпкинс е пратеник во Долниот дом на федералното собрание на Австралија од редовите на опозиционата Либерална партија и еден од најголемите австралиски поддржувачи на Македонците.
Весникот Македониум успеа да му постави неколку прашања на г-дин Лук Симпкинс.
Македониум: – Г-дин Симпкинс денеска Вие ја посетивте општина Пустец и остваривте средба со преставници на Македонците во Албанија, кои се вашите впечатоци?
Јас денеска уживав во мојата Посета на општина Пустец каде остварив средба со градоначалникот Едмон Темелко и со истакнати преставници на македонската заедница од разни делови на Албанија и имав можност да се запознаам со проблемите со кои македонската заедница во Албанија се соочува. Исто така ја посетив и Црквата “Св.Архангел Михаил” во Пустец и имав можност да заиграм и македонско оро сред Пустец. Импресионирам сум од македонскта традиција тука во Мала Преспа. И покрај сите притисоци во минатото Македонците тука успеале да ги зачуваат македонските обичаии и традиции.
Македониум: – Според Вас кои се проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија.
Од разговорот што го имав со преставниците на Македонците во Албанија се информирав дека главни нивни проблеми се дека Македонците во Албанија не се признати во целата територија на Албанија и немаат право на образование на мајчин јазик, освен во Мала Преспа. Исто проблем е и неинвестирањето на албанската држава во регионите каде што живеат тие, што придонесува за нивно иселување од овие региони.
Ме загрижува иднината на Македонците во Албанија. Тие се лојални граѓани, но се под притисок на национализмот што е во пораст во Албанија. Како што ќе се приближуваат и парламентарните избори во Албанија, така сметам дека ќе се заострува и националистичката реторика и притисокот спрема македонското и другите малцинства.
Европската унија внимателно да ја следи состојбата во Албанија и да се заштитат правата и безбедноста на македонското и другите малцинтва.
Македониум: – На средбата со македонските преставници во Албанија ветивте и подршка за Македонците во Албанија.
Да им ветив дека во австралискиот парламент ќе одржам говор каде што ќе се заложам за спроведување на правата и барањето на Македонците да бидат признаени од албанската држава и да добијат право на изучување на македонскиот јазик во училиштата во Албанија. И истиот говор ќе го пратам и до албанските власти. Албанија не треба да се плаши од Македонците и другите малцинствата и од мултиетничноста и мултикултуризмот, затоа што малцинствата треба да се гледаат како богаство за земјата и мост за поврзување со соседните земји. (Македониум)
Falenderojme deputetn SIMKINS per vleresimin real te gjendjes se Pakices Kombetare Maqedonase ne Shqiperi. Eshte e vertete se ka dy standarte ne trajtimin e pakicave. Po ngrihet zeri ne qiell per trajtimin e Shqiptareve ne shtetet fqinje, nderohe nuk behet asgje per MAQEDONASIT ne Shqiperi.
Shqiptaret kohet e fundit flasin per albanofobi.Por vete kane antipati pathollogjike ndaj maqedonasve, kjo me teper manifestohet ne Korcen e “kultures”.Maqedonasit ne Shqiperi vazhdimisht kane vuajtur nga shqiptaret.Le te mos harojme trajtimi i goricareve ne kohen e zogut, deri ne perzenjen nga trojet e tyre te 100 familjeve te fshatit Gorice ne vitin 1932. Per kete genocid nuk eshte kerkuar falje dhe nuk eshte pranuar te ngrihet nje memorial perkujtimor ne shenje te vuajtjeve, loteve te derdhur, raprazaljeve te shumta qe filluar nga viti 1925, vit kur Prespa kaloj ne administrim shqiptar deri ne vitin 1932.
Si trajtohen maqedonasit ne Korce apo ne qytetet e tjera> Edhe ato pak vende qe janee ne Prespe ne dogane(police apo punonjes te tjere) duhet te vijne shqiptare, se ata na qenkan me te besuar dhe te pa koruptuar.Sot nje maqedonas ne Tirane e gjetke nuk mund te siguroj nje vend pune ne shtet se ata qe i kane ne dore keto pune jane shqiptare ,te cilet jane te predispozuar te regullojne njerezit e tyre deri ne kusherinjt te shtate.
Kohet e fundit po fryn nje ere nacionalizmi te eger e perzjere me mllef antiorthodoks qe po nuk u frenua nuk dihet se cfare perfundim do kete.Gjithshtu, kjo perkrahet edhe nga disa pseudoanaliste e gazetare te tipit Kim Mehmeti qe Cfryhet ne televizionet shqiptare dhe as vet nuk e di cfare kerkon nga maqedonasit, kur e dijme te gjithe se ata jane turqeli dhe ne radhe te pare te emacipojne veten dhe famijlet e tyre dhe perkrah me maqedonasit te kerkojne integrimin e vendit.
toa sto kazal pratenikot ne vazi,oti dvete drzavi se slozile deka nema makedonsko malcinstvo vo albanija.