Македонците во Албанија ја прославија Василица (Сурова)

Македонците во Албанија традиционално го одбележаа христијанскиот празник Св. Василиј, Василица со кој се најавува почетокот на  новата година според јулијанскиот календар.

Горна Горица, Мала Преспа

Горна Горица, Мала Преспа

Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Врбник во духот на македонските обичаи и традиција ја прославија стара Нова година на 13 и 14-ти јануари, која се совпаѓа со празникот Св. Василиј Велики, кој кај Македонците во Албанија е познат како Василица или Сурова.

Горна Горица, Мала Преспа

Горна Горица, Мала Преспа


 

Се палеа Василичарски огнови, се печеа колбаси, месо, се пиеше вино и топла ракија и се пееја песни.

Горна Горица, Мала Преспа

Горна Горица, Мала Преспа

 

Пеејќи ги песните за Василица или Сурова децата маскирани и правејки врева со звонци, тенџериња како и музички инструменти одеа по куќите каде се даруваа со подароци.

Горна Горица, Мала Преспа

Горна Горица, Мала Преспа


 

За Василица, Македонците во Албанија традиционално прават погача со паричка, и се крши погачата меѓу домашните. За оној на кого ќе му се падне паричката се верува дека ќе има среќа и бериќет целата година. (Македониум)