Унијата на албанските новинари, огранок Корча, во Ресторан Валбона 2 во Корча, организираше новогодишна средба со новинарите од округот на Корча. Учествуваа новинари, камермани и спикери од националните и локалните телевизии.
Како гости учествуваа Адреа Мано, префект на градот Корча, Васил Стерјовски од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Пиро Капурани, секретар на Социјалистичкото движење за интеграција, округ Корча, дирекоторот на Медресата во Корча, Омер Чалеш како и Арбен Костури, претседател на ромското здружение “Дисутни Албанија”.
Претседателот на унијата на новинати, огранок Корча Ергет Ценоли, поздравувјќи ги сите присутни, се заблагодари на подржувачите на ова активност и истакна дека ова година унијата на новинари ќе организира редица активности и конференции.
Како и секоја година и ова година беа поделени награди за новинарите, камерманите и спикерите.
Наградена беше и емисијата “Запознајте не после имајте предрасуди” која се емитува на албански и ромски јазик.
За сите присутни одборот на унијата на новинари подели по една книга.
Активноста продолжи долго во ноќта со ора, разговори и здравици за успешна нова година. (Македониум)