НЕПРИЈАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – ПИСМО ДО МАКЕДОНСКИОТ СОЈУЗ ВО САД ОД ЃОРЃИ ДИМИТРОВ

Во писмото упатено на 13.05.1934 год., до Централниот комитет на Македонскиот народен сојуз во Детроит, Ѓорѓи Димитров, напишал:

„ Се чувствувам неразделно сврзан со судбината на македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер, и како син на семејство кое потекнува од Разлог. Националното угнетување на македонскиот народ е извор на јакнењето на угнетувањето на работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција. Поделена и опљачкана Македонија претставува јаболко за раздор меѓу балканските империјалисти и извор за постојана опасност од воени судрувања и немири на Балканот.“

Ѓорѓи Димитров отворено укажал и на непријателте:

„Во својата борба за социјално ослободување македонското револуционерно движење има многу непријатели. Најстрашен од нив е неговиот внатрешен непријател — тоа се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам…“

(Стево Симски, Историска белешка)