Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), на сите Македонци каде и да се им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!
На 8 септември 1991 година Македонците на референдум гласаа за самостојна независна и суверена Република Македонија исполнувајќи го сонот но и борбата на генерации Македонци за своја македонска држава.
Ова е празник кој преставува остварување на идеалите на многу генерации, идеал за кој многумина во вековната борба за самостојна и суверена држава ги жртвувале своите животи.
Во 8 септември 1991 година и Македонците во Албанија, кој се нераскинлив дел од Македонскиот народ, преку петиција испратена до македонскиот државен врв го подржаа референдумот и стремежот на Македонскиот народ за слободна и независна македонска држава.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!
©Македониум