Поради лизгање на земјиште, блокирани се Македонците во Шиштавец, Гора

Стотина жители на двете општини на областа Кукс, повеке од пред две недели се изолирани затoа што националнито пат Кукс-Шиштавец е блокиран како последица на лизгање на земјиште и камења на патот.

Жителите на општина Шиштавец и Топојан, наоѓајќи се во ситуација која не дозволува комуникација со градот Кукс, пронашле опасен начин за да се снабуваат со храна и лекови. Тие се принудени да минуваат низ тунелот, ако сакаат да одат во Кукс да се снабдат со храна и лекови.

 

Тие велат дека овој тунел е долг 200 метри, а нивото на ризик додека поминуваат е големо.

Во овој тунел влегуваат и излегуваат мажи, жени, стари лица и деца од двете општини. Според нив, овој тунел е единствена комуникација со градот Кукс.

Тие додаваат дека ги имаат известено сите институции, но повеке од две недели не е овозможено отворање на патот.

Патот Кукс-Шиштавец е 30 км и се карактеризира со голем број кривини и ридови, затоа што географската позиција, низ кого минува патот, е многу сурова.

Лизгање на земјиште и карпи на патот се честа појава, како последица од врнежите на дожд и топењето на снегот. (Македониум)