Познатиот албански новинар, аналитичар и универзитетски професор Лутфи Дервиши за емисијата “Апсолутен 4” на албанската телевизија А2 Си -Ен -Ен изјави дека Бугарија делуваше како кукавица со ветото, бидејќи кога Франција ја блокираше Албанија, немаше никакви претензии кон Македонија, пренесува весник Македониум.
„Има нешто загрижувачко. Она што се случува во Бугарија е бугарски проблем. Тие се обидоа да ги решат работите. Во врска со нас, е многу загрижувачко, бидејќи Бугарија се однесуваше како кукавица во врска со проширувањето. Кога Франција во тоа време ја блокираше Албанија и ние ја киднапиравме Македонија, Бугарија не извади претензии, ги чуваше. Претензиите што ги вади денес се ужасно вознемирувачки. Македонија помина 30 години страшни голготи во однос на Грција. На Балканот, повеќе од иднината, се бори за минатото “.
Дервиши понатаму изјави дека тврдењата на Бугарија за Македонија се слични на она што Русија го има против Украина.
„Ако погледнете што Бугарија бара од Македонија е страшно. Во една паралела, што и бара Бугарија на Македонија и што и бара политиката на Македонија, повеќе или помалку е она што Русија бара од Украина, вие не постоите, немате идентитет идр“.
©Македониум