Амбасадорот Данчо Марковски учествуваше на дискусија за претседавањето на Албанија со Советот за безбедност

Македонскиот амбасадорот во Албанија, Данчо Марковски денеска учествуваше на тркалезната маса во која се дискутираше за претседавањето на Албанија со Советот за безбедност односна тема на дискусија беше: „Албанија членка на Советот на ОН: очекувањата на земјите од регионот за теми од заеднички интерес“, која беше организирана од Албанскиот институт за меѓународни студии (AIIS) во соработка со фондацијата Hanns Siedel.

Присутни беа и д-р Клаус Физингер- регионален директор за Југоисточна Европа, фондацијата Hanns Siedel, амбасадорот Газменд Турдиу- директор на Координативната единица на ОН-Министерство за Европа и надворешни работи на Република Албанија и амбасадорите од земјите во регионот.

©Македониум