Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ке отвори дисперзирани студии во Општина Пустец, Мала Преспа.
Во недела на 23 декември 2012 година на покана на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко во Пустец, дојдоа преставници на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје предводени од ректорот Аце Миленковски и пред присутните Македонци од Мала Преспа и Корчанскиот регион, во просториите на општина Пустец го промовираа Универзитет за туризам и менаџмент и седумте факултети на овој Универзитет.
На средбата со Македонците во Пустец ректорот Аце Малиновски, се заблагодари на градоначалникот Едмонд Темелко за поканата и истакна дека со задоволство ја прифатија идејата за отворање на дисперзирани студии во Пустец.
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје има седум факултети и сите седум ке бидат ставени на располагање на дисперзираните студии во општина Пустец.
Секој Македонец од Општина Пустец или од Корчанскиот Регион и пошироко од Албанија, можи да зе запиши на еден од следните факултети, почнувајќи од Факултетот за туризам, Факултетот за економски науки, Факултетот за маркетинг, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за менаџмент на човековите ресурси, Факултетот за спортскиот туризам и Факултетот за односи со јавноста.
Универзитетот работи според правилата согласно Болоњскиот договор и застапен е и Европскиот кредит трансфер систем.
Дипломите од овој Универзитет признати се во соседните земји во регионот, Западна Европа и во Северана Америка.
Она што е најважно Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во договор со општина Пустец ке даде специјален и промотивен попуст во рамките на уписната политика на Универзитет. За секој студент што ке се запиши на некој од дисперзираните студии во Пустец, ке добие 50% попуст односно ке зе запиши за 500 евра по семестар или 1000 евра за една учебна година.
Овoj попуст важи и за секој студент што ке се префрли на било која година од друг Универзитет и факултет на дисперзираните студии во Пустец.
Исто така, 50 % попуст има и за поздипломските студии и вкупната цена за поздипломски студии изнесува 1000 евра.
Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко заблагодарувајќи се на преставниците од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје истакна: “Сo oтворањето на дисперзираните студии во Пустец ке се помогни во образувањето на што поголем број Македонци од Мала Преспа, Корчанскиот регион и пошироко и ке се помогни во интегрирањето на Македонците во Албанија. Општина Пустец ке излези во пресрет инфраструктутрно и на секој начин ке овозможи услови за настава на дисперзираните студии во Пустец”- истакна Едмонд Темелко.
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ке започни со работа веднаш по официјалното потпишување на договор за дисперзирани студии со градоначалникот на општина Пустец во почетокот на 2013 години. (Македониум)
Odlicno, veke vreme e da my se pomogne na toj kraj od Makedonija, Ne samo studii od Skopskiot Univerzitet , tyky treba disperizrani studii i od Univerzitetot od Tirana da ima takvi studii na Albanski i na Makedonski
Velika blagodarnost do ideatorite na ovoj projekt ,koj istovremeno ke bidi od golemo znacene za makedoncite od opstinata i makedoncite koi ziveat sirum R.Albania.Se nadevame i ocekuvame sto poskoro na negovoto realizirane…
samo nekako cenine mn visoki se za toj kraj. ne znam kolku lokalni zhiteli kje bidat vo mozhnost da si dozvolat vakvo studiranje.
btw, preku Chrome ne mozhe da se ostavaat komentari na sajtov…
Na MIT Univerzitet studentite od Pustec koj studiraat besplatno, toa e naša zelba i pomos za makedoncite vo od maloprespanskite delovi. MIT Univerzitet ne gi zaborava svoite ceda nadvor od Makedonija.
Na MIT univerzitet studentite od Pustec studiraat besplatno. Toa e naša zelba i poraka deka ne gi zaboravame nasite makedonci vo Mala Prespa i deka sekogas ke im pomagame na nasite nadvor od grani ite na Makedonija.