ПССЕ: Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство

Комисијата за следење на обврските на земјите членки при Парламнетарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатотот македонско малцинство.

 


ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед, како што стои во резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Исто така од Бугарија се бара да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

ПССЕ смета дека Бугарија треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчинот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет.

ПССЕ исто така бара од Бугарија систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и взаемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство. (Македониум)