Со Рамиз Алија, последниот комунистички претседател на Албанија седев на кафе и качурела во Хотел Дајти во Тирана, во ноември 2002.
„ Качурела е мешавина од ракија со неколку тревки од Кораб и сок од мандарини, а името го добива според витканата црна коса на една артистка во еден албански филм од крајот на педесетите години – рече Рамиз Алија и додаде. – Ти сигурно знаеш, како македонски дипломат, дека има над 15 професори, доктори на науки Македонци на факултетите во Албанија.
На Катедрата за славистика на Универзитетот во Тирана има и група за македонски јазик. Настава на македонски има во Мала Преспа и Врбник, крај Билишта а во 1948 година на македонски се учеше и во неколку села на Голо Брдо.
Кој знае како испадна за Македонци да ги броиме само православните, а не и муслиманите на Голо Брдо и Гора. Македонци живееа во над 40 села. Денес ве има илјадници од Корча до Драч, а небројно сте во Елбасан и Тирана“.
Стево Симски, македонски дипломат