Албанските граѓаните кој што живеат во пограничните области со Македонија патуваат во соседната земја за да ги купат основни прехрамбени производи. Во интервју за ТВ СИРИ, граѓаните кои пазарат преку граница тврдат дека цените во Македонија се поевтини и поквалитетни. Соочени со овој факт, тие се принудени речиси секој ден да патуваат во Македонија.
Вртоглавото поскапување на цените кај нас и скандалите со прехранбените производи со поминат рок ги натераа граѓаните да патуваат во соседната земја Македонија за да направат залихи со основните прехрамбени производи.
ТВ СИРИ изврши опсервација на граничниот премин Ќафазан, каде од снимките се гледа дека десетици граѓани патуваат кон Македонија.
Во интервју за ТВ СИРИ, граѓаните нагласуваат дека биле принудени од поскапувањето на цените да патуваат во Македонија бидејќи во соседната земја прехранбените производи се многу поевтини отколку кај нас.
Веќе неколку месеци нашата земја се соочува со незапирливи поскапувања во клучните сектори, вклучувајќи ги горивото, електричната енергија и прехранбените производи.