Малцинствата во Албанија незадоволни од својата позиција во државата

Во организација на Партијата за човекови права (партија на грчкото малцинство)а по  повод Меѓународниот ден за човекови права, во Тирана се одржа конференција на тема: “Европската интеграција и правата на малцинствата”. На коференцијата учествувале преставници на македонското, грчкото, српско-црногорското, ромското, влашкото и египќанското малциснтво, како и министеркта за евроинтеграции Мајлинда Брегу, како и Дитмир Бушати, пратеник од опозицијата и Претседател на парламентарната комисија за интеграција.


– Албанија ги почитува правата на малцинствата, е потписник на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата,  и овие права се гарантирани со Уставот на Република Албанија и повеке закони кои одат во прилог на заштита на малцинствата, -изјавила Брегу.

На изјавата на Брегу остро реагирале  преставниците на малцинствата и несогласувајќи се со министерката дека Албанија ги почитува правата на малцинствата.

Во своето обраќање Васил Стерјовски, преставник на македонското малцинство, потсети дека ЕК трета година по ред на Албанија и поставува услов за добивање кандидатски статус за членство во ЕУ со исполнувањето на 12 препораки од кои 11-та е заштита на правата на малцинствата. Според него не само што не е исполнета препораката и правата на малцинствта не се подобрени, туку има видно  уназадување со почитувањето на правата на малцинствата. Тој при тоа го спомнал како што малцинствата го оценуваат дискиминирачкиот попис на населението, кога поради бојкот од страна на малциснтвата пописните формулари ги пополнувале самите попишувачи-Албанци, поради што пописот не ја отсликува реалната слика на процентот на малциснтвата. Тој се задржал и на непризнавањето на малцинствата на целата територија на Албанија, неможноста да се образуваат на мајчин јазик и ред други нивни легитимни права.

– Кулминација на дискриминацијата се постигна со одлуката на Уставниот суд, кој ја избриша националноста од изводите на албанските граѓани, одлука , која преставува отворено кршење на основните права на малцинствата и е во спротивност со Уставот на Албанија. Ова одлука има за цел формална нивна асимилација, со остранување на можноста за идентификација на припадниците на малцинствата преку државните документи, за да ги добијат правата што им следат. Нам, на признати малцинства во Албанија, ни се негира едно право од Уставен суд, што не ни беше негирано ни во времето на диктатурата – изјавил Стерјовски.

Васил Стерјовски

Васил Стерјовски


Според него, а во што го подржале и претставниците на другите малцинства, расте национализмот во Албанија, при што „ сите актери од албанското општество, од власта и опозицијата се во трка кој од кој да биде поголем националист. Бараат права за албанското малцинство во соседните земји, но ги користат сите средства како да го намалат бројот и правата на малцинствата во нашата земја“
– Иако овој национализам до сега се појавуваше само со зборови, од неодамна почнаа со напади врз малцинствата, како палењето на куќите на Ромите во Тирана, нападот на преставници на грчкото малцинство во Келцира и нападот на македонското малцинство во Преспа, каде националистите ги уништуваа двојазичните табли и ги плашеа учениците во гимназијата и припадниците на македонското малцинство – нагласил Стерјовски.

Предупредувајќи дека доаѓаат тешки денови за малцинствата во Албанија, тој побарал да се  обединат, да ги амортизираат обидите за асимилација, и заедно да се изборат за нивните права, како и заедно од претставниците на меѓународните инситуции да побараат да повлијаат кај албанските власти за нивните права.

Дитмир Бушати истакна дека за жал Албанија вклучена во еден коруптивен нациоанализам и е закана не само за почитувањето на правата на малцинствата  но и за соживот помеѓу албанскиот народ и малцинствата. Почитувањето на правата на малцинствата е еден од условите на Албанија за членство во ЕУ. И нашето побрзо зачленување во ЕУ ке зависи и од исполнувањето на правата на малцинствата. Ние како социалистичка партија имаме во нашата политичка програма предлог за склучување на регионален договор за заштита на малцинствата на целиот простор на Балканот- истакна Дитмир Бушати. (Македониум)