За прв пат по 98 години, во Албанија 3296 починати повеќе од родени

За прв пат од 1923 година, кога почна да се мери населението во земјата, населението на Албанија претрпе негативен природен прираст во 2021 година, според најновите податоци на ИНСТАТ, бидејќи смртните случаи биле поголеми од родените.

Во текот на 2021 година се родени 27.284 бебиња што бележи намалување од 2,8 отсто во однос на претходната година. Во текот на 2021 година животот го загубиле 30.580 лица, што бележи зголемување од 10,8 отсто во споредба со пред една година.

Природниот прираст на населението во четвртиот квартал од 2021 година покажува дека има 898 умрени повеќе од родени. Додека во текот на 2021 година природниот прираст бил за 3.296 смртни случаи повеќе од родените.

Албанија низ годините се карактеризираше со позитивен природен прираст. На негативниот природен прираст за 2021 година влијаеше и состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави ИНСТАТ.

©Македониум