Реакција на општина Пустец во врска со демонстрацијата на Алеанца на Цвено-црните во Мала Преспа

Оптина Пустец упати реакција до сите албанските институции, странските мисии и амбасади во Албанија, и албанските медиуми за инцидентите од 16 ноември 2012 година, со преставниците на неофашистите од Алеанца на Црвено-црните во Мала Преспа. Во реакцијата се вели:

Општина Пустец реагира во врска со инциденти од 16.11.2012 каде членови на ултра националистичката партија на Алеанца на Црвено- црните ја оштетија патната сигнализација на општината, сигнализација на гимназијата, здраствениот дом како и се закануваа на македонското малцинство.

Исто така, реагираме против декларацијата на Алеанца на Црвено-црните, дека ја превзедоа ова акција во општина Пустец со оправдување дека на територијата на општината информативите табли се само на македонски јазик.

Сакаме да појасниме дека сите табли и патната сигнализација се на три јазици, албански, македонски и англиски. Доказ овој кој што е видлив за целата јавност.

Бараме од надлежните институции да превземат мерки и да ги извадат пред одговорност членовите на Алеанца на Црвено Црните кој ја оштетија информативната и патната сиганлизација на територијата на општината.

Општина Пустец е општина населена со 100% македонско население и е призната како малцинска област на македонското малцинство во Албанија од 1945 година.

Врз основа на Меморанумот за Соработка помеѓу Институцијата на Префектот на Округот Корча и општина Пустец, потпишан на 15.11.2005 година, за соработка на полето и почитувањата на правата на малцинствата во Албанија, двете институции се ангажираат за спроведување на правото на употреба на мајчиниот јазик на македонското малцинство. Врз основа на овој Меморандум, општина Пустец се ангажира да ги постави месните традиционални топонимии, имињата на улиците, плоштадите и други топографски показатели за јавноста, освен на албански јазик и на македонски јазик.

Овој Меморандум е потпишан во рамки на процесот на Асоцијација-Стабилизација на Албанија во ЕУ, и од обврските кој ги има превземно со Планот за акција, за постигнување на највисоките стандарти што се однесуваат до почитувањето и заштита на правата на малцинствата како и на подршка на членовите 3, 15, 20, 112/2 од Уставот на Република Албанија, и членот 11 од Рамковната Конвеција на Советот на Европа “За заштита на националните малцинства”.

И општина Пустец, поаѓајки од фактот дека општината е прогласена за туристичко подрачје како и територијата на општина Пустец се совпаѓа со територијата на Националниот Парк Преспа, има донесено одлука патната и информативната сигнализација да биди на три јазици, албански, англиски и македонски.

Овие акции на Алеанца на Црвено-црните, кој освен што имаат сосздадено напната ситуација во нашата општина, но и носат раздор, омраза и дестабилизација на Албанија.

Вакви примитивни и варварски акции, одат на штета на Албанија и на штета на соживотот помеѓу Албанците и малцинствата.

Македонскот малцинство е лојално малцинство кое што секогаш ги има почитувано законите на албанската држава. Нејзини припадници имаат дадено свој придонес уште на почетокот на содавањето на албанската држава.

Албанија треба да го искорени фашизмот кој што е поразен во Втората Светска Војна, во спротивност го ризикува уставниот поредок и стабилноста во регионот.

Исто така, се обраќаме до меѓународните преставници во Тирана да влијаат што нашата држава да ги исполни обврските од меѓународните договори за заштита на Македонците во Албанија

Градоначалник на општина Пустец

Едмонд Темелко