СЕ НАМАЛУВА ПРОИЗВОДСТВОТО НА КОМПИР ВО СТЕБЛЕВО

Познат по својот добар квалитет како биопроизвод, расте над 1200 метри надморска височина, компирот од селото Стеблево, област Голо Брдо, и ова година нема гарантиран пласман.

Земјоделците од оваа општина, населена, главно, со Македонци, се жалат дека поради немањето соодветна патна инфараструктура и нејзината оддалеченост од поголемите урбани центри со години се соочуваат со истиот проблем, пласман на компирите, кои се познати по нивиот квалитет зашто се одгледуваат во планински предел. Земјоделците бараат субвенции од државата, нагласувајќи дека без субвенции и обезбеден пласман, површините засадени со компир можно е да се сведат на минимум.

Во оваа општина живеат околу 1.500 жители, чија главна активност е земјоделството и сточарствоо, а поради удеалните услови за тоа, најмногу одгледуваат компир. Производството е паднато, бидејќи земјоделците во оваа област немаат корист од одгледувањето компири. (Македониум)