Албанскиот пратеник, Роланд Кета: Голо Брдо оставено на немилост

Пратеникот за околијата Пешкопеја во албанскиот Парламент, Роланд Кета реагираше поради лошите услови за живот во областа на Голо Брдо.


¬Во областа Голо Брдо нема патна инфраструктура нема чиста и здрава вода за пиење нема амбуланти. Жителите од Голо Брдо ја изгубија надежта зашто за ова област не е ништо направено изјави за ТВ Булќиза пратеникот Кета кој е член на демократската партија.
Тој додава дека во најголемото село во Голо Брдо доаѓа лекар само еднаш неделно, а дугите денови жителите од оваа област која ја сочинуваат 22 села се оставени како што вели, на “волјата на Бога“. И болницата во Булќиза е во многу лоша состојба додава Кета и нагласува дека не е реновинара повеќе од дваесет години.
Како што оценува Кета состојбата во Голо Брдо е за жалење поради што жителите се принудени да го нашутаат родниот крај. Тој додава дека за сотојбата зборувал во Парламентот и оти и понатаму ќе биде гласот на жителите од оваа област за проблемите. (Македониум)