Тинекс со хуманитарна донација за Македонците во општина Пустец

Компанијата “Тинекс” за Македонците во општина Пустец додели донација од 1150 пакети хуманитарна помош со основни прехрамбени продукти и со средства за лична хидиена со вкупна вредност од 684.250 денари.
Tinex
Од “Тинекс” за весникот Македониум изјавија дека на барање на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, “Тинекс” како Општествено Одговорна Компанија ја организираше ова хуманитарна донација со цел на Македонците во општина Пустец да им ги разубави Новогодишните и Божиќните празници.
Покрај пакетите со прехранбени продукти, на најмалите дечиња „Тинекс“ им додели 70 новогодишни пакетчиња. (Македониум)