Македонски деца од Албанија учествуваа на летниот камп “Ја сакам Македонија 2015”

Дваесетина македонски деца од Албанија и тоа од областите Мала Преспа и Голо Брдо како и од градовите Корча и Подградец од 16 до 23 август 2015 година, во хотелот “Десарет” во Охрид, учествуваа на летниот камп “Ја сакам Македонија 2015” во организација на министерството за надворешни работи на Република Македонија.

ohrid
На истиот учествуваa деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседството и дијаспората, најголем дел учесниците беа од Италија, Србија, Бугарија, Грција и Албанија.
Со ова, Летниот камп во Охрид е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите и за создавање долгорочни врски меѓу нив.
Присутните ги посети и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет. На учесниците на овогодинешниот камп, МНР Попоски им додели книги на благодарници и книги на македонски јазик. (Македониум)