ИЗБОРЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОПШТИНА ПУСТЕЦ

Во општина Пустец, на 8-ми јуни 2015, година престојуваше висока делегација на Државната изборна комисија на Албанија предводена од претседателката Лефтерие Лузи.

lefterie

Делегацијата беше примена од градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко и генералниот секретар на Македонската партија Васил Стерјовски.

pustec

Делегацијата на Државната изборна комисија на Албанија во општина Пустец изврши промоција на изборниот материјал на македонски јазик, имајќи предвид дека после новата територијална организација на локалната самоуправа, од вкупно 61 општина, општина Пустец има специјален статус, како општина на Македонската етничка заедница, со еднакви права и надлежности како и сите останати општини во Република Албанија. (Македониум)