Видео записот „Жената чувар на традицијата во Преспа” на дигитална платформа

Видео записот „Жената чувар на традицијата во Преспа” на македонското друштво „СОНЦЕ” се најде на интерактивната мапа во Одделот за нематеријално наследство при Министертвото за култура во Тирана.

По повод Меѓународниот ден на културната различност, на 21 мај 2015 година,  во просториите на Министерството за култура на Албанија се одржа манифестација каде за прв пат се презантира интерактивната мапа.

Станува збор за дигитална платформа која ќе ја одразува разновидноста на нематеријалното културно наследство на малцинствата и Албанците преку мултимедијални материјали. (Македониум)