Албанската лева изборна коалиција Алијанса за европска Албанија (АСЕ) на Конвенција одржана во Тирана ги промовираше кандидатите за градоначалници за 61 општина, колку што Албанија има според новата административно територијална поделба.
Како што јави весник Македониум меѓу промовираните кандидати за градоначалници беше и Едмон Темелко, од редовите на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, која е дел од ова коалиција.
Темелко на локалните избори на 21 јуни ќе се обиде по третпат да ја добие довербата на жителите на општина Пустец.
Македонската партија на овие локални избори излегува со советнички листи во 16 општини во Албанија.
Алијасата за европска Албанија, предводена од владејачката Социјалистичка партија на албаснкиот премиер Еди Рама ја сочинуваат 37 политички субјекти, додека во изборната коалиција на десницата Народна алијанса за работа и достоинство (АППД), предводена од демократите на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, учествуваат 15 политички субјекти. (Македониум)
treba da barate podrska od vladata na makedonija za zemnjodelskite raboti da se otkupuva,plus da se nabavuva kako sto e red vo cela eu.elate vo kratovo