Во рамките на коалициите за локалните избори во Албанија на 21 јуни, Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе биди дел од коалицијата што ја предводи Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама.
Веста за договорот ја соопшти премиерот Рама на неговиот профил на Фејсбук и Твитер.
– Со Темелко, претседател на македонската партија и градоначалник на општина Пустец, после договорот за влегување во победничката коалиција 🙂 – пишува Рама на Фејсбук и Твитер.
На парламентарни избори 2009 и 2013 година како и на последните локални избори во 2011, Македонската партија беше во коалиција со Демократската партија. (Македониум)