Во Министертвото за надврошени работи во Тирана се одржа средба на преставниците на малцинствата со претставници на Секторот за човекови права на ова Министертво.
На средбата се дискутираше околу подобрувањето на законската рамка и политиките за почитување и заштита на малцинствата во Албанија.
Еден од петте приоритети на Европската комисија кои треба Албанија да ги исполни поврзан е со заштита на малцинствата. Со одлука на премиерот е формирана работна група составена од неколку министерства и други независни институции, како Народниот правобранител, Комесарот за заштита од дискриминација и други инситуции. Министертвото за надворешни работи на Албанија е носител и ја кординира ова работната група чија задача е да предложи подобрувањето на законската рамка и политики за почитување и заштита на малцинствата во Албанија пренесува весник Македониум.
На средбата преставниците на малцинствата покренаа повеќе прашања кој се од интерес за малцинствата и кој Албанија треба да ги реши.
Од страна на македонското малцинство, своето обраќање пред Секторот за човекови права на МНР на Албанија имаше Васил Стерјовски, кој зборуваше за положбата на македонското малцинство во Албанија кое се признава само во областа на Мала Преспа и селото Врбник во Деволската област, додека не се признава во областите Гора и Голо Брдо, за укинувањето на македонските општини во областа на Гора и Голо Брдо, за неможноста за изучување на македонскиот јазик во школите каде за тоа има барање идр.
Исто така, Стерјовски потенцираше дека потребно е носење на закон за малцинствата со кој ќе се регулира признавањето на македонското и другите малцинства на целата територија на Албанија, овозможување на образование на мајачин јазик за малцинствата, посебен фонд за подршка на културата на малцинствата како и реорганизација на Државниот комитет за малцинствата и негова функсионалност.
На средбата присуствуваа и преставници од Советот на Европа и амбасадата на Европската Унија во Албанија. (Македониум)