На 15 ноември 2014 година (сабота) со почеток во 13.00 часот во Градската библиотека “Тими Митко” во Корча, Албанија, македонската поетеса Виолета Сековска, во соработка со Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” од Корча пред македонската и албанската публика ќе се претстави со поетско–музички перформанс “Со љубов за Македонија“.
Со свои рецитации на македонски јазик ќе настапи поетесата Виолета Сековска, а препев на албански јазик од нејзини стихотворби ќе чита Аријан Калчо, професор при Универзитетот “Фан С. Ноли” во Корча пренесува весник Македониум.
Музички варијации со тамбура и кавал ќе изведе Оливер Настовски, а за поетесета Сековска ќе зборува Горан Анчевски, член на Друштвото на писателите и поетите на Македонија, кој истовремено ќе рецитира и свои стихови за Македонија. (Македониум)