По повод 11 октовмри-Денот на народното востание, Македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов вчера престојуваше меѓу Македонците во областа Голо Брдо.
Амбасадорот Карајанов имаше срдечни средби со жители на повеќе села, преставници на локалната самоуправа на општина Требиште и со преставници на партијата Македонска алијанса за европска интеграција од областа на Голо Брдо со кои преку искрени честитки си го честитаа празникот а тие го запознаа и со проблемите со кои се сочуваат, главно од инфраструктурен аспект, образование и здравство.
На средбите жителите на Требиште побараа од Амбасадорот да издејствува од владите на двете земји граничниот премин Џепиште-Требиште кај Дебар да работи 24 часа а не како сега, во лето до 20 а во зима до 18 часот. Исто така, преку него да може да минува секој граѓанин на двете земји а не само жителите од двете страни на пограничниот регион.
Исто така, на средбите се разговараше и за новиот закон за територијална поделба со кој се укинуваат трите општини во Голо Брдо и се припојуваат кон општина Булќиза, за образованието на македонкси јазик во Голо Брдо, за заеднички погранични проекти помеѓу општините во Голо Брдо со општините од Македонија и за повеќе прашања и проблеми кои ги преокупираат Македонците во Голо Брдо.(Македониум)