Македонците и сите други малцинства се лојални граѓани на Албанија и посакуваат што побрзо нејзино интегрирање во Европската унија, но сметаат дека интеграцијата треба да оди паралелно со подобрувањето на нивните права.
Ова меѓу другото на средбата во Охрид со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер го истакнале Васил Стерјовски преставник на партијата Македонска алијанса за европска интеграција и Арбен Костури претседател на ромското здружение Дисутни Албанија.
Овој состанок се оcтвари во рамките на Школата за млади лидери што се организира под покровителство на Ѓеорге Иванов претседател на Република Македонија.
Во тој правец тие го запознале со потешкотиите кои ги имаат во интегрирањето во социалниот, културниот и политичкиот живот како и за проблемот за образованието на мајчин јазик, барајќи подршка од официален Вашингтон за подобрување на нивните права.
Стерјовски подетално го информирал и околу непризнавањето на Македонците како малцинство во областите Гора и Голо Брдо како и во сите други делови на Албанија освен во Мала Преспа, бојкотот и непризнавањето на пописните резултати како и со неостварувањето на другите нивни легитимни права.
Рикер истакнал дека Соединетите американски држави ке продолжат да помагаат во интегрирањето на Албанија во Европската унија затоа што ова е единствена алтернатива на сите земји од западен Балкан и оти почитувањето на правата на малцинствата е еден од приоритетите во исполнувањето на стандартите за европската интеграција.
Фото: Арбен Костури, Георге Иванов, Васил Стерјовски
Стерјовски и Костури се сретнале и со претседателот Иванов со кого разговарале околу положбата на малцинствта во Македонија и Албанија.(Македониум)
Mendoj se heshtja ndaj ngjarjes qe ndodhi ne Prespe, ku ekskremiste te Partise ultranacionaliste “Aleanca Kuq e Zi ” me veprimet e tyre ofenduan pakicen kombetare maqedonase qe jeton ne Shqiperi eshte e qellimshme.
Po ti referohemi Ligjeve shqiptare, ultranacionalistet nuk kishin pune te demostronin ne Prespe, duke hedhur parulla kjo eshte toke shqiptare dhe ju banore sllave largohuni qe ketu.Ata nuk kane mare leje nga Policia e Korces per kete demostrim.Atehete pse nuk jane paditur organizatoret. Por, sikur te rinje e Prespes ti ishin pergjigjur me te njejte monedhe ketyre rrugecerve c’fare do ndodhte?
Nga veprime te tilla qe nenvleftesohen nga Policia dhe Ministria e Rendit mun te lindin probleme te tjera qe nuk do mbyllen kollaj>
Ne mendojme se shteti, mire qe nuk perpiqet per mireqenjen e zones, qe nuk eshte bere as gje,por te pakten te beje detyren me minimale, ate te rendit.Ne qoftese nuk e mer persiper kete detyre atehere te gjithe banoret e zones te marin vete masa vetembrojtje, si ne kohen e fiseve.
Интересно е тоа што Македонците и останатите малцинства во Албанија немаат никакви права. Македонците во Албанија немаат право ни да се изјаснат за своето етничко потекло. Затоа,пак, во Македонија Албанците ги уживаат сите права. Истите тие права треба Албанија да им ги даде на Македонците од Албанија. Македонците се најчесните луѓе на планетата. Македонците никогаш не кренаа рака над невините и изнемоштените. Еве, минаа 100 години откако не` разделија и не` убедуваа дека не постоиме, дека сме Албанци, Србијанци, Бугари или Грци. Секој од нив пее македонски песни и игра македонски ора, и секој од нив бесрамно сака да го присвои нашето МАКЕДОНСКОТО. Знаат тие, знаат и Албанците, и Србијанците,и Бугарите, и Грците,и сиот свет знае за нашата убавина и големина, сите знаат за нас Македонците. Голема почит кон нашите славни предци кои успејаа да не` прослават и да не` сочуваат низ милениумите, почит кон Македонците.
Сите овие барања за почитувње на правата и слободите на Македонците треба писмено да гидоставите до Европската Унија, до Америка и Обиденетите нации (ОН). Инаку од усното и јавно презентирање ние Македонците не добивме ништо!