Стерјо Спасе, писател, антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа, мегу Македонците од Албанија, е врвна личност од аспект на нивната афирмацијата и еманципацијата како народ во оваа земја. Според придонесот, на него сличен е и познатиот учител и автор на македонскиот буквар, Никола Беровски-Коле.
Корча – По повод 100. годишнината од раѓањето на реномираниот автор со македонско потекло Стерјо Спасе, кој живееше и твореше во Албанија, викендов, во Корча, Албанија, се одржа научен симпозиум на тема: “Животот и книжевното дело на Стерјо Спасе”. Научниот собир, во чија работа учествуваа писатели и универзитетски професори од Република Албанија и Република Македонија, го организираше Универзитетот “Фан С.Ноли” од Корча, со факултетите за природни и општествени науки и за образоваие и филолошки науки. Свој придонес во организацијата на симпозиумот даде и македонскиот културен центар “СОНЦЕ” од Корча.
Во имe на организаторот учесниците ги поздрави заменик-ректорот на корченскиот универзитет, проф. д-р Бенита Ставре. Исто така, говореа префектот на Корча Ардит Кономи, претседателот на општината Сотираќи Фило, како и македонскиот амбасадор во Република Албанија Стојан Карајанов.
– Стерјо Спасе, беше голем општественик и творец, роден Македпонец во Албанјија, кој македонскиот дух го вгради во современата албанска литература, но истовремено постави цврсти мостови за соработка помежу двете земји, потенцираше амбасадорот Карајанов.
Мегу учесниците, кои од Република Македонија специјално отпатуваа на симпозиумот во Корча, баше и ректорот на битолскиот универзитет “Свети Климент Охридски”, професор д-р Златко Жоглев. Професорот Жогле, посебно ја апострофираше големата улога на Стерјо Спасе во изградбата на албанската литература и уметност, како и високите морални вредности и хуманизмот што овој голем автор ги постави во своите дела.
Говореа познати научни работници, по потекло етнички Македонци од Албанија, студенти на локалниот универзитет и универзитетите во Тирана. Македонката Валентина Вангелоска, го апострофираше придонесот на Стерјо Спасе во албанската литература, низ вградувањето на македонскиот бит и традиции, посебно од родното место на писателот – селото Глобоичани во Мала Преспа и целиот регион исклучиво населен со етнички Македонци.
Македонецот Фоте Никола говореше за придонесот на Стерјо Спасе заедно со Никола Беровски во подготвувањето на учебниците за македонското малцинство во Мала Преспа и Врбник.
Мариа Дојче, член на Организацискиот одбор на симпозиумот и професор при универзитетот Фан.С.Ноли во Корча, која предава социологија и етика, ја нагласува активноста и придонесот на Стерјо Спасе во литературата (естетиката) и филозофијата, односно социо- културниот аспект на неговата работа. Значаен аспект на овој научен симпозиум е и портретот на Спасе, како еден симбол на соработката и подобрата интеграција на македонското малцинство во албанското општеството, додава Мариа Дојче.
Пред присутните се обрати и синот на Стерјо Спасе, професорот Илинден Спасе. Тој изрази задоволство што се презентираат истражувања и научни трудови, поврзани со книжевната дејност на Стерјо Спасе и неговиот придонес кон литературната и општествената мисла. Особено што беа поканети и учествуваа научни, литерарни дејци и други авторитети од Република Македонија, автори и универзитетски професори, како и професори од универзитети во трети земји.
Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, ги пренесе поздравите на Македонците од регионот Мала Преспа, заедно со нивната гордост што преку творештвото на Стерјо Спасе, македонската традиција, духот на едно време, постанаа трајна вредност не само во албанската литература, туку и воопшто на албанската културна и општествена стварност.
Стерјо Спасе, е роден во селото Глобочени, во Мала Преспа 1914 година, а е починат во Тирана, 1989 година. Тој е познат писател со македонско потекло и е еден од најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа. Мегу Македонците од Албанија, е врвна личност од аспект на нивната афирмацијата и еманципацијата како народ во оваа земја. Според придонесот, на него сличен е и познатиот учител и автор на македонскиот буквар, Никола Беровски-Коле.
Веле Митаноски Фото: Мишо Јузмески