Македонската општина Пустец во Албанија го задржува тој статус. Но таа среќа ја немаат општините во областите Гора и Голо Брдо населени главно со Македонци. Тие со сите пет варијанти кои се предлагаат од владата, се предлага припојување кон други општини.
– Министерот за локална самоуправа Бленди Чучи пред парламентарната комисија за територијалната реформа на денешната седница престави пет варијанти за територијалната реформа. Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Додека општините во Голо Брдо и Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини,- рече Васил Стерјовски од македонската партија Македонска алјанса за европска интеграција, кој како претставник на Македонците присувуваше на денешаната седница на комисијата.
Според Стерјовски, во наредните два месеца следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули парламентот ќе гласа за новата територијална реформа. Во овој период, нагласува тој, ќе дадеме максимум и ќе ги искористиме сите законски процедури и да издејствуваме општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област.
Еќерадо Докле, Македонец од Гора кој се бори за правата на Македонците во оваа област, е среќен што Пустец останува како самостојна локална самоупарва.
-Се радувам за Пустец, зашто и тоа е една заедничка победа за Македонците. Од секогаш, со векови областа Гора се викала Гора со седиште во Шиштавец. А сега се припојуваме кон околија Кукс, шт ќе биде една општина.Тоа значи дека ние остауваме едно зрно во плажа со песок, – вели Докле.
Идентичн е ставот и на Македонците од Голо Брдо,каде до сега имаа три општини а сега сите тие се припојуваат кон Пешкопеа.
Република Албанија спроведува реформа на локалната самоуправа, со цел да се намали бројот на општините.
Вера Тодоровска
Morate da se pozhalite do instituciite na EU i toa pod itno da se prezemat merki za sprechuvanje na diskriminacijata koja se vrshi vrz Makedoncite od strana na Albancite!