Албанскиот комесар за заштита од дискриминација, Ирма Бараку, во Kорча оствари средба со Македонците избркани од работа, по нивно барање, на која присуствуваше и генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски.
Откако ги слушна нивните искази дека се избркани од работа само поради етничката припадност, без претходно направен прекршок на работа, таа им подели формулари за жалба ветувајќи им притоа дека ќе ги разгледа сите и максимално ќе помогне во рамките на нејзините надлежности.
Во последниот период во Kорча се избркaни десетина Македонци кои работеа во разни претпријатија и институции.
Неодамна и албанскиот народен правобранител, Игли Тотозани, при престојот во Kорча и Пустец, беше запознаат со проблемот.
Kомесарката Бараку е позната по тоа што по дивеењето на Ултранационалистичката алијанса „Црвено-црни“ пред две години во Пустец нареди Алијансата јавно да се извини. Откако во рок од 30 дена од донесувањето на оваа одлука тоа не го стори тоа, ултранационалистите беа парично казнети. (Македониум)