Една стара поговорка вели дека „секое чудо е за три дена“, но во овој случај, весникот „Нова зора“ и Македонци во Грција, направија чудо кое трае четири години. По четврти пат, а за прв пат во градот Воден тие го прославија, во одлична атмосфера, четвртиот роденден на весникот на Македонците во Грција.
Луѓето, кои пристигнале од сите краеви на Македонија и од сите региони на северна Грција, поточно од македонските села, брзо биле опиени од одличната атмосфера и се придружиле на прославата.
Манифестацијата била отворена со обраќање од страна на уредникот на „Нова Зора“, Димитрис Јоану, проследено со доделување награди на неколку лица, кои ги посветиле своите животи во борбата за правата на етничките Македонци во Грција, како и на културните и музички здруженија за нивниот придонес за зачувување и унапредување на македонската култура.
Потоа следел главниот настан (големото оро), а резултатот бил фантастичен. Секој бил преземен од чувството, кое преовладувало во текот на орото, кое траело до 6 часот наутро!
Сето ова го овозможил македонскиот музички оркестар, „Лерински Билбили“, како и музичарот Тасос Јоану од селото Ракита, Кајларско – со неговата гајда и тапани, како и познатиот музучки уметник од Република Македонија, Вера Милошевска, водечкиот глас на познатиот бенд „Љубојна“.
Голема радост, задоволство и солзи радосници биле забележани во очите на постарите, кои не престанувале да им честититаат на организаторите, велејќи дека младите им даваат сила и на постарите да продолжат да се борат за нивните човекови права.
Сепак, би било убаво ако Грција ја почитуваше својата титула на лулката на демократијата.
Поточно, во 22,00 часот, во салата се појавила голема група на луѓе од државната безбедност и им наредила на организаторите да ја напуштат салата поради заканувачки телефонски повик на поставена бомба, која требала да експлодира во 22:45.
Организаторите одбиле да го напуштат местото, бидејќи било очигледно дека ова е обид да се откаже орото и да се заплашат присутните.
Интересно било што по ваков телефонски повик, не пристигнале ниту анти-терористички единици, ниту специјални кучиња… Организаторите ја презеле целата одговорност врз себе и преку микрофон ги информирале учесниците во орото. Се реазбира, секој се смеел на целата работа, и никој не си заминал, а танцувањето продолжило со уште поголем ентузијазам.
За жал, повеќето смешни методи на заплашување сé уште е во тек. Но, сега тие предизвикуваат само смеа и срам на државата, која сака да се нарече демократска.
Организаторите велат дека со нетрпение ги чекаат резултатите од истрагата во врска со повикот. Дали тие го имаат број? Ќе има ли истрага? Ќе се пронајде ли нешто? Ќе се преземат ли правни мерки против сторителот? Ќе ги информираат ли органиаторите?
„Проблемот на грчката УДБ-а беше македонското оро. Демек некој анонимно се јавил и рекол дека има подметната бомба. Такви грчки финти кај нас во „Виножито“ никогаш нема да поминат“, напиша Павле Воскопулос Филипов, член на раководството на Виножито, издавач на весникот, својот Фејсбук профил.
„Тие всушност сакаа да се растури прославата, да се прекине македонското оро. Рекоа дека бомбата ќе мора да ја бараат цела вечер, дека интервенираат според законот во насока на безбедноста на граѓаните за да спречат евентуална експлозија. Ние им рековме нека пукне бомбата на наша одговорност. Им рековме дека организаторите на промоцијата ја преземаат одговорноста за евентуалната експлозија. И организаторите и сите присутни. И газдата на ресторанот писмено ќе добие од нас дека сѐ ќе му биде надоместено од евентуалните штети. На тоа се согласи и газдата. Сето ова јавно, преку микрофон го соопшти и адвокатот Танасис Тартис. Народот ниту ја напушти салата, ниту пак ја прекинавме прославата. После ова полицајците си заминаа и се заканија дека ќе поднесат тужба против организаторите на прославата за недозволување на примена на законските процедури во вакви случаи“, изјави Павле Филипов.
Во продолжение ви претставуваме неколку видеа од прославата, која се одржав во сабота, на 29 март 2014. (Македониум)
<
zivi i zdravi da ste za naveg da ste.