Положбата и правата на Македонците во Албанија, со посебен акцент на образованието и новата територијалната поделба, биле главните теми на средбата остварена синоќа во Корча на генералниот секратар на Партијата македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски со Фејзо Нуманај, преставник при канцеларијата на амбасадорот на ОБСЕ во Албанија.
На средбата Нуманај беше запознат за положбата и правата на Македонците во Албанија, за недостатокот на учебници на македонски јазик во општина Пустец каде официјално се признава македонското малцинство во Албанија и од потребните 55 учебници кој што треба да се испечатени на македонски јазик дури 41 учебници не се испечатени, за затворањето на училиштето на македонски јазик во с.Врбник, во Деволската област и за неможноста за изучување на македонскиот јазик на македонските деца надвор од Мала Преспа како во областите Гора и Голо Брдо и во градовите пренесува весникот Македониум.
На средбата станало збор и за новата територијална поделба од која најмногу се загрижени Македонците во Албанија. Стерјовски го информираше преставникот на ОБСЕ дека евентуалното укинување на македонските општини би било грубо прекршување на малцинските права, би значело еден процес на асимилација на македонската заедница и побара подршка од ОБСЕ да македонските општини во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора со евентуалната територијална поделба да не се укинуваат.
Преставникот на ОБСЕ се заблагодари за средбата и изјави дека за сето ова ќе биде информиран амбасадорот на ОБСЕ, Флориан Раунинг и во текот на февруари се договори да амбасадорот прими делегација од Македонците во Албанија. (Македониум)