Министерката за урбан развој и туризам, Енглантина Ѓермени оствари средба со амбасадорот на Македонија во Албанија, Стојан Карајанов, каде разговараа за можностите за соработка меѓу двете земји во областа на туризмот во пресрет на отворањето на туристичката сезона.
Македонската страна изрази заинтересираност за воспоставување на мостови на соработка меѓу двете земји, поканувајќи ја Националната агенција за туризам да ја презентира албанската туристичка понуда на посебен саем во Скопје, за да се промовира големиот потенцијал на албанскиот туризам. Според амбасадорот Карајанов еден договорот меѓу двете соодветните агенции ќе влијае на растот на понудата за туризмот меѓу двете земји. Амбасадорот ја информираше министерката дека само минатата година Македонија извезе 500.000.000 € за туризам во соседните земји, според информациите од тур-оператори досега оваа година се смета дека 30 % од оваа сума ќе се потроши во Албанија.
Амбасадор Карајанов му ги пренесе на министерката оценките на македонските туристи за удобноста, безбедноста и многу природни убавини кои ги нуди Албанија. Од нејзина страна министерката Ѓермени оценувајќи го македонскиот модел за промовирање на туризмот преку правни олеснувања, му ги изрази на македонскиот амбасадор заложбите за зајакнување на односи на соработка во фукција на зголемување на бројот на туристи. Министерката предложи организирање на состаноци меѓу тур-оператори од двете земји за да се создаде заеднички туристички пакет, како што се прави со Косово.
Двете страни се согласија за брзо воведување на заедничката туристичка понуда, формализирана преку билатерални договори помеѓу министерствата и агенциите за туризам. (Македониум)