МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БОЖИЌ

 Големиот христијански празник Божиќ, денот на Христовото раѓање се прослави меѓу православните Македонци во Албанија.

Манастир Св.Марена, Туминец, Мала Преспа

Манастир Св.Марена, Туминец, Мала Преспа

Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана.

Црква Св.Атанас, Пустец

Црква Св.Атанас, Пустец


Македонците во с.Врбник и во градот Билишта го прославија Божиќ на 25 декември, додека во Билишта, Македонците организираа прослава по повод Божиќ.

Црква Св.Димитрија, Горна Горица, Мала Преспа

Црква Св.Димитрија, Горна Горица, Мала Преспа

Како и секоја година и ова година за Божиќ, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото раѓање. (Македониум)