Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија, денеска, во Градскатата библотека “Тими Митко” во Корча, во организација на Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” и со подршка на општина Корча, се одржа промоција на препечатенoто издание на македонско-албанскиот речник на Никола Беровски.
На промоцијата, учествуваа Македонци од Корча, преставници на Македонска алијанса за европска интеграција од Корча, Билишта, Поградец и Мала Преспа, преставници од македонското друштво “ПРЕГОР” од Поградец, македонското друштво “МЕД” од Врбник, преставници од Корчанската митрополија и од разни институции од Корча, како и писатели од Корча и Охрид.
Речникот пред многубројната публика го претставија: Васил Стерјоски, активист за малцински права на Македонците во Албанија, Фото Никола, извршен уредник на новото издание, Илинден Спасе, син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе, а свои поздравни излагање имаа и Едмонд Темелко, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија, Спасе Мазенковски писател од Мала Преспа идр. Ученичките Кристина Терпо и Павлина Дине од гимназијата од Пустец рецитира две необјавени стихотворби од Никола Беровски за Мала Преспа.
Во своето излагање на промоцијата Фоте Никола, извршен уредник на новото издание Беровски како што пренесува весник Македониум, истакна дека овој речник на Беровски вечно ќе трае и ќе се користи неговиот македонско- албански речник со над 10 илјади зборови.
“Деновиве е испечатено второто издание после 30 години од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим. Овој македонско-албанскиот речник ќе трае долго време не само во рацете на македонското малцинство но и на сите граѓани во Република Албанија.”- истакна Никола.
Илнден Спасе, син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе, во своете излагање се осврна на просветителското дело на Беровски во Албанија и тешкотиите во тоа време за да обезбеди училишна литература на македонски јазик.
“Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски.”- истакна Илинден Спасе.
Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко поздравувајќи ја манифестацијата и делото на Беровски во Мала Преспа и во Албанија, истакна дека на првата седница на советот на општина Пустец, Никола Беровски посхумно ќе се прогласи за почесен граѓанин на општина Пустец.
Овој речник е испечатен во 500 примероци, кој ќе се подарат на Македонците во Албанија и е подржан од министерството за надворешни работи на Република Македонија.
За ислкучителниот придонес за образовно воспитната дејност и за неговата макотрпна работа во заштита и ширење на македонскиот јазик, култура и писменост, Владата на Република Македонија во 1991 година на Никола Беровски му го додели високото признание – наградата “Климент Охридски”.
Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Беровски долги години работел како учител во селата на Мала Преспа. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија.
Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски, предходно промоции на овој речник се одржаа во Тирана и во Пустец. (Македониум)
Моите најискрени честитки за добрата организација на настанот, посебно за издавањето на речникот. Се надевам и очекувам вакви настани да има почесто во иднина.