Албанија има сеуште работа да направи во правец на исполнувањето и гарантирањето на правата и основните човекови слободи. Така се изјасни, во Тирана, министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, на годишниот прием на ОБСЕ во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, на кој присуствуваа високи претставници, дипломатскиот кор, претставници на граѓанското општество и медиумите.
“Имаме многу да направиме во областите поврзани со пристапот до правдата, да имаме независно судство. Имаме многу да направи со слободата на изразување , заштитата на Ромите, лицата со хендикеп, правата на малцинствата. Денес Албанија се рангира со земјите со ажурирано законодавство. Ние знаеме дека моментален предизвик останува стеснувањето на јазот помеѓу носењето на законите и спроведувањето на законите”, рече Бушати, пренесува весник Македониум.
Во меѓувреме амбасадорот на ОБСЕ во Тирана , Флоријан Рауниг, им се заблагодари на лицата кои му помагаат на ОБСЕ за почитување на човековите права во земјата. (Македониум)