Деновиве во областа на Мала Преспа престојуваше екипа на италијанската национална телевизија РАИ 3 предводена од познатиот новинар Стефано Марчели. Целта на престојот на екипата на РАИ 3 беше снимање на репортажа за историските и културните знаменитости на Мала Преспа, Преспанското Езеро како и Националниот Парк Преспа.
Ова репортажа за Мала Преспа, како дел од емисијата “Медитеранео” освен на Раи 3 ќе биде прикажана на десетина тв канали во Европа како Франц 3, Франц Интернатионал, ТВ 5 Монде во Франција, ТСИ во Швајцарија, ЕРТ во Грција, РТВ Сло во Словенија, ЈрТВ во Јордан, Ентв во Алгерија, како и на повеќе канали на арабски јазик идр.
Весникот Македониум им даде логистичка подршка на екипата на РАИ 3 за снимање на ова репортажа за Мала Преспа, додека Стефано Марчели даде интервју за весник Македониум.
– Македониум …: Г-дин Марчели денеска снимате репортажа за Мала Преспа. Како дознавте за Мала Преспа?
Дознав од неколку мои пријатели кој ми раскажаа за Мала Преспа и после се информирав на интернет каде ги најдов главните информации.
– Македониум …: Кои се вашите впечатоци за Мала Преспа?
Мала Преспа од страна на пеисажот е прекрасна а и плус тука добиваш информации за животот и за една цивилизација што фактички постои во целиот Медитеран, една рана цивилизација.
За мене Мала Преспа е важна, затоа што покажува едно важно нешто, значи го покажува тоа, што во една ситуација каква што е сега Балканот и Медитеранот, каде има постојани конфликти помеѓу етничките групи или помеѓу разните народи, Мала Преспа е показател како илјадници години луѓето живееле заедно едни со други и ја донесоа цивилизацијата до денешно време.
Кој доаѓа во Мала Преспа и ги допира со рака и ги гледа со свои очи овие милениумски сведоштва на културното археолошко наследство, почуствува дека тука илјадници години живеела една цивилизација и му станува јасно дека ова е сведоштво на цивилизацијата, и не е сопственост на една држава или на некој друг, и ова цивилизација нема име на држави но има име на една заедница на луѓе, и е многу важен фактор за Медитеранот кој е лулка на цивилизацијата која доаѓа до денешно време.
– Македониум …: Дали сакате да испратите некоја порака?
Имам една порака до политичарите на земјите што се тука да направат едно патување до Мала Преспа кое ќе е корисно за нив, доаѓајќи тука во посета на Мала Преспа ќе разберат дека човештвото има направено многу чекори напред, многу повеќе отколку што се мисли кога беа сите обединети и не разделени едни со други и ова е најважното нешто што веројатно ќе ги направи политичарите да се чуствуваат добро ако дојдат во Мала Преспа и ја допрат Мала Преспа со рака. (Македониум)