Излагање на Фоте Никола на промоцијата на препечатениот речник Македонско – албански на Никол Беровски, Тирана, 10 ноември 2013 год.
“Големиот учител од Преспа” го нарекуваа македонските весници во почетокот на 90-те години од минатиот век учителот, преведувачот и учебникарот Никола Беровски кој многу придонесе за македонското малцинство во Албанија кое само во 40-те години од тој век почна редовно образование на мајчин македонски јазик. Во економските тешкотии на селаните кога уште продолжуваше Втората светска војна и Албанија не беше велосно ослободена, во подрачјето на Преспа под Албанија беа испратени учители од поранешна Југославија во рамките на договорот со Албанија, за сите училишта во Преспа, за училиштето во Врбник и др.
Сите ученици кој почнаа да учат во деветте села од Преспа нема да ги заборават учителите Пере, Никол, Ѓирѓи и други, учителот Борис Малески, Кристо Тане, Гуре Дума, како и генерациите кои со грижа на Никола Беровски се подготвија и ја продолжија наставата на македонски мајчин јазик.
Учителот Никола Беровски беше просен човек, редовен и работољубив. Секогаш беше пример за колегите и за помладите генерации. Тој остана блескав лик за преспани и пошироко. Неговото дело сведочи за тоа. Не само како учебникар но и како преведувач. Од неговото дело вечно ќе трае и ќе се користи неговиот Македонско-албански речник со над 10 илјади зборови. Деновиве е испечатено второто издание после 30 години од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим. Многубројните учебници што Никола ги преводи или ги состави за основното училиште во Мала Преспа веќе се реновирани и деполитизирани, програмите веќе се променети, ќе се вршат други посовремени преводи на македонски јазик на делата на Стерјо Спасе, Дритеро Аголи, Исмаил Кадаре и др. Само Македонско-албанскиот речник ќе трае долго време не само во рацете на македонското малцинство во Република, дека му посужи не само на учителите, учениците и други од мацинствотот но на поголем број граѓани од Корча и пошироко кои ги гледаа емисиите на Македонската Телевизија, како еден прозорец за комуникација со Светот, а од тогашниот режим не беше дозволено да се гледа.
Актуелно децата од македонското малцинство во Мала Преспа се образуваат на мајчин македонски јазик не само до четврто одделение на основното училиште. Мајчиниот јазик се учи како предмет до крајот на средното училиште ( 1-12 одделение). На мајчин јазик се водат предметите музичко, ликовно воспитување, физкултура, предметот Знаење за историјата на Македонија и географија на Македонија. Дозволени се да се учат на мајчин јазик предметите како, запознавање на природата ( 3-5 одделение), граѓанско воспитување (1-9 одделение), Историја за 5 одделение и др. Поголеми напори има за да се обезбеди изучување на мајчиниот јазик и во другите подрачја каде живеат Македонци, како во Гора, Голобрдо и пошироко.
Во училиштата на македонското малцинство работаа и работат поголем број учители, 98% чеда од ова малцинство, но Беровски е посебен како учител, предан и неуморен не само во Пустец, но и во другите албански училишта како во Корча, Каваја, Голем и Тирана каде се одликуваше за педагошка подготвеност и примерна дисциплина.
Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски.
Многу од постарото поколение ги знаат тешкотиите во времето кога работаше Никола Беровски за да обезбеди училишна литература на македонски јазик.
За исклучителен придонес за образовно-воспитната дејност, за неговата макотрпна работа во заштитата и ширењето на македонскиот јазик, култура и писменост. Владата на Р.Македонија бо 1991 година му го додели високото признание – наградата “ Климент Охридски”.
По повод 90 годишнината на раѓањето на Никола Беровски ќе се одржат манифестации од македонците во Тирана, Корча, Пустец и др. (Македониум)