Партија Македонска алијанса за европска интеграција го изрази своето сочувство за смртта на членот на Демократската партија, Сокол Олдаши, кој го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа минатата ноќ на влезот на автопатот Тирана – Елбасан.
Во Телеграмато со сочувство се вели:
Партија Македонска алијанса за европска интеграција изразува искрено сочуство на фамилијата на пратеникот Сокол Олдаши кој го загуби животот во трагична несреќа.
Трагичната смрт на пратеникот Сокол Олдаши е голема загуба за неговото семејство, Парламентот и демократијата во земјата.
Нека почива во мир. “- се вели во телеграмата.
Олдаши беше пратеник во четири мандати и двапати министер за внатрешни работи од 2005 до 2007 година и министер за транспорт од 2007 до 2013 година. Сокол Олдаши беше актуелен пратеник на Демократската партија во законодавниот дом и висока фигура во Демократската партија. (Македониум)