По повод празникот на Ашуре, бекташката заедница во Корча со центар во Туран организираше традиционална церемонија. На церемонијата присуствуваше поглаварот на светската бекташка заедница со седиште во Тирана, баба Едмонд Брахимај.
Покрај бројните гости, преставници на разни институции и политички парти од Корча, на ова церемонија учестуваше и генералниот секрeтар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски кој на поглаварот на светската бекташка заедница со седиште во Тирана, баба Едмонд Брахимај му го честита празникот на Ашуре со желба за мир и хармонија за сите бекташки верници во Албанија и целиот свет.
Поглаварот на светската бекташка заедница, Баба Едмон Брахимај со Васил Стерјовски разговараа и за пописот спроведен во октомври 2011 година, чии резултати малцинствата но и некои верски организации во Албанија не ги признаваат, а во контекст на тоа бекташката заедница во Албанија истакна Баба Едмонд Брахимај, спроведува попис за попишување на своите верници.
При тоа, баба Едмон Брахимај во својство на поглавар на светската бекташката заедница го изрази своето мислење околу спорот со Исламската Верска Заедница на Македонија, околу познатото Арабати Баба Теќе во тетовско и неможноста за регистрирација на бекташката верска заедница во Македонија поради противењето на ИВЗ, за кое припадниците на оваа верска заедница пред Европскиот суд бараат да се регистрираат и да ги добијат имотите што Македонија и ги доделила на ИВЗ во процесот на денационализацијата. (Македониум)