Дваесетина македонски пензионери од градот Билишта, Албанија деновиве остварија посета на Охрид, каде имаа можност да ги посетат културно – историските знаменитости во Охрид, како што се Самуиловата тврдина, црквата “Св. Пантелејмон” на Плаошник и др.
Елена Зоркала, претседател на Општинскиот комитет Билишта на Македонска алијанса за европска интеграција и организатор на ова посета на пензионерите за весник Македониум изјави дека од поодамна македонските пензионери од Билишта бараа од Општинскиот Комитет Билишта на МАЕИ да им организира посета на Македонија.
“Повеќето од македонските пензионери од Билишта за прв пат беа во посета на Охрид и Македонија. Прекрасно си поминаа во Охрид и во Билишта се вратија со безброј впечатоци за Охрид и Македонија” – изјави Елена Зоркала за весник Македониум.
Претходно во посета на Охрид беа и дваесетина македонски деца од Билишта.
Во Билишта живее поголема зедница на Македонци со потекло од село Врбник, македонско-егејско село во Албанија, одалечено 5 км од градот Билишта. (Македониум)
Do redaksiata na vesnikot: Makedonium.
Va molam ne treba da objavite komentari na nekoj Borce, shto ne vazhe ni da se citat.