Мета – Карајанов: Зајакнување на односите меѓу Албанија и Македонија на сите нивоа

Претседателот на Собранието, Илир Мета се сретна со амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Стојан Карајанов. Амбасадорот Карајанов му го пренесе на г-дин Мета писмото со честитки од Претседателот на Собранието на Македонија г-дин Трајко Вељаноски по повод преземањето на функцијата претседател на Собранието.


Претседателот на собранието Мета ја изрази својата подготвеност за зајакнување на односите меѓу Албанија и Македонија на сите нивоа, особено во правец на меѓупарламентарните односи.

Претседателот на Собранието Мета и амбасадорот Карајанов, исто така, зборуваа за зајакнување на парламентарните размени и правната експертиза, со посебен фокус на процесот на европска интеграција на двете земји во однос на привлекување на странски инвестиции. (Македониум)