Македонци од Гора, Албанија на македонски турнир во фудбал во Драгаш, Косово

По повод  Денот на независноста на Македонија, на 8 септември 2013 година, во Драгаш се одржа петтиот Македонски турнир во фудбал со екипи од сите нaселени места во областа Гора, на Косово.

Оваа манифестација е од национален интерес за афирмација на Македонците со исламска религија и заштита на духовното и културното наследство, односно за културна афирмација на Македонската заедница на Косово.

На фудбалскиот турнир учествуваа седум екипи од горанските села Враништа, Брод, Лештане, Љубоиште, Драгаш, Глобочица во Косово и село Оргоста од областа Гора во Албанија.

Првото место го освои екипата од Љубоишта, второто место екипата од Враништа и третото место екипата од Глобочица.

Организатори на турнирот беше Македонската горанска заедница на Косово, во соработка со Сојузот на Македонците со исламска религија. (Македониум)